Новости

Ракомет

Еурофарм Работник подготвен за дуелот со ППД Загреб

Ракометарите на Еурофарм Работник се подготвени за натпреварот со тимот на ППД Загреб кој утре ќе се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Битолските „фармацевти“ со респект ќе го пречекаат хрватскиот шампион кој иако е фаворит на средбата, сепак со поддршка на публиката може да се победи, порачаа на прес конференција во Битола тренерот Божидар Мојсов и голманот Градимир Чаневски.

„Сите знаеме кој ривал ни доаѓа утре. Доаѓа млада и мотивирана екипа, предводена од играчката и тренерска легенда Веселин Вујовиќ. Тој е човек ги мотивира младите ракометари, играат агресивно и многу добро. Сигурен сум дека ќе одиграме изедначен и докрај неизвесен натпревар. Имаме мали повреди, Кукоски ја обнови повредата, уште не сме залечени, но ќе парираме на големиот ривал.

Ги повикувам сите симпатизери, да дојдат да нè бодрат, бидејќи овие момци заслужуваат поддршка“ – изјави Мојсов.

Според Градимир Чаневски, чувар на мрежата на Еурофарм Работник, битолчани годинешните меѓународни настапи во Битола ќе ги завршат со победа за радост на спортската публика.

GOLD
To Top