Новости

Ракомет

Еурофарм Работник продолжува со подготовки во Маврово

Македонскиот претставник во ЕХФ Купот, битолски Еурофарм Работник пристигна во Маврово и попладнево го одработи првиот тренинг под водство на Ѓорѓе Чирковиќ.

По неколку дена работа во Битола, сега српскиот тренер го има целиот ростер, со исклучок на повредените Трајковски и Крстевски, за да го подготви струшкиот турнир, а потоа и почетокот на Суперлигата.

Еурофарм Работник не ги крие големите амбиции оваа сезона, а верува дека може да се квалификува и во групната фаза на ЕХФ Купот.

Во Маврово експедицијата на Еурофарм Работник ќе остане до средината на следната недела.

GOLD
GoldSlot
To Top