Новости

Ракомет

Еурофарм Работник се врати од Маврово, од утре Охрид е новата нивна база

Ракометарите на Еурофарм Работник вчера се вратија од Маврово, каде што минаа седум дена на базични подготовки. Андон Бошковски на располагање ги имаше сите ракометари, вклучувајќи ги и новајлиите Чампар, Ковачевиќ и Ојлески и Дарио Петровски, кој се врати од Светското младинско првенство во Алжир. Ракометарите добија слободен ден, а потоа започнува нова фаза во која финалистот на Купот ќе ја бруси формата низ пријателски натпревари.

Од понеделник Еурофарм Работник своја база ќе има во Охрид, каде ќе одигра 4-5 контролни натпревари со македонски клубови. Битолчани ќе спарингуваат со Металург, Охрид, градскиот ривал Пелистер, Струга. После овие натпревари стручниот штаб ќе има појасна слика околу вредноста на тимот воочи новата Суперлига.

Новата сезона почнува на 16 и 17 септември, а во првото коло Еурофарм Работник гостува во Богданци против новиот член на елитата Младост. Првиот дел од шампионатот ќе трае до 16,17 декември кога по одигрувањето на последното есенско коло следи пауза заради Европското првенство во Хрватска.

GOLD
To Top