Новости

Ракомет

Еурофарм Работник ќе игра во финалето на Купот

Битолски Еурофарм Работник испиша историја и се избори за место во своето прво Куп-финале во првата сезона како суперлигаш. Екипата на Андон Бошковски е првио патник во финалето од Купот на Македонија по победата во спортската сала „Младост“ во Битола против Охрид со 26-18 (15-7).

Битолчани отворија со водство преку Чурлевски и Мајнов, а Мојсоски и Чурлевски во 34. минута зголемија на 17-7 и го принудија Андоновски на нов тајм-аут. Охридскиот тим тотално беше разбиен и веќе немаше ни мотив да се бори во натпреварот. Дарио Петровски погоди три пати во серија за 21-10, а Дејан Пецаковски, кој претходно беше користен повеќе во дефанзива на крајот доби можност во нападот и постигна два гола во победата од 26-18.

Голманот на Работник, Градимир Чаневски беше одличен на голот со 16 интервенции. Горан Крстевски со 6 , Филип Чурлевски со 5 и Петровски, Адли и Мајнов со по 3 гола го комплетираа историскиот подвиг на Еурофарм Работник. Кај Охрид се истакнаа Лазар Адамовиќ со 4 и Славиша Димитријески со 3 голови.

Во второто полуфинале противникот на Еурофарм Работник ќе произлезе од мечот меѓу Вардар и Металург, кој почнува во 20.30 часот.

Евротип
Евротип
To Top