Новости

Ракомет

Ждрепката го помилува Еурофарм Работник: Вардар – Металург во Куп полуфиналето

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија, беше извршена ждрепката за полуфиналните натпревари во машкиот Куп на Македонија.

Завршницата ќе се одигра во Битола на 20 и 21 мај, а организатори ќе бидат РФМ и Еурофарм Работник.

Полуфинале:

Вардар/Борец/Радовиш – Металург
Охрид – Еурофарм Работник

Полуфиналните дуели ќе се играат в сабота, додека финалето е на програмата в недела. Точните термини ќе бидат објавени, откако клубовите и организаторите ќе се договорат.

Евротип
Евротип
To Top