Новости

Ракомет

Камила Херем единствена вардарка во идеалниот тим на ЛШ

Европската ракометна централа (ЕХФ) и стручниот тим на тренери денес го објавија идеалниот тим на Лигата на шампионите во ракомет за жени за оваа сезона која полека завршува со Ф4 турнирот во Будимпешта.

Ракометарката на Вардар Камила Херем е единствената од составот на нашиот шампион која се најде во изборот, а скоро сите ракометарки доаѓаат од тимови кои се на завршниот турнир.

Идеален тим на Лигата на шампионите:
Голман: Кари Гримзбо (Ѓер)
Лево крило: Камила Херем (Вардар)
Лев бек: Кристина Неагу (Будуќност)
Среден бек: Нике Грот (Ѓер)
Десен бек: Нора Мерк (Ѓер)
Десно крило: Кармен Мартин (ЦСМ Букурешт)
Кружен напаѓач: Марит Мјалм Франкфорт (Ларвик)

Најдобар дефанзивец: Едуарда Аморим (Ѓер)
Најдобрка млада ракометарка: Бланка Биро (Ференцварош)
Најдобар тренер: Амброс Мартин (Ѓер)

GOLD
GoldSlot
To Top