Новости

Ракомет

Карабатиќ не е сериозно повреден и ќе игра од почетокот на Мундијалот

Еден од најдобрите светски ракометари Никола Карабатиќ го повредил скочниот зголб, но како што соопштија од француската репрезентација, повредата не е сериозна и тој ќе биде посогтвен за настап на Светското првенство кои за две недели ќе започне во Франција.

„Добро се чувствувам, повредата не е сериозна, станува збор за мало истегнување на зглобот. За да бидам во вистинската форма за СП ќе морам да внимавам на многу детали“, рекол Карабатиќ.

Франција на СП се наоѓа во групата со Полска, Норвешка, Русија, Јапонија и Бразил. Првиот меч ќе го одигра на 11.јануари против Бразил.

GOLD
To Top