Новости

Ракомет

Соопштение од Еурофарм Пелистер за вечерашниот натпревар

Од РК Еурофарм Пелистер информираат дека сите билети за натпреварот помеѓу екипите на РК Еурофарм Пелистер и РК Нексе СЕ ПРОДАДЕНИ. Во соопштението до јавноста се вели:

„Карти за продажба на билетарата на денот на одигрување на натпреварот НЕМА ДА ИМА. Влез во салата на денешниот натпревар е можен само со единечни карти (купени on-line или на продажните места) и блок картите за натпреварувачката 2019/20 година. Полусезонските карти кои беа поединечно за натпреварите од СЕХА или ЛШ нема да важат.

Сите седиште во салата се нумерирани, на картите исто така е означен редот и бројот на седиштето. Согласно правилата за организирање на натпревар во СЕХА лигата, во салата не може да се влезе без валиден билет и нема да биде дозволено стоење или седење на скалите. Доколку во салата има љубители на ракометот кои немаат валидна карта истите ќе мора веднаш да ја напуштат салата.

Управата на клубот е уверена дека со истакнување на европски манири на секој од присутните во салата и гласното и цивилизирано бодрење на нашиот клуб во текот на целиот натпревар, ќе се пласираме во натамошната фаза од СЕХА лигата и ќе потврдиме дека спортската сала Боро Чурлевски е европски ракометен храм во најракометниот град – Битола“.

GOLD
To Top