Новости

Ракомет

Колку ќе заработи Вардар од шампионската титула?

AFP

Македонскиот ракометен шампион Вардар откако ја освои титулата Европски првак во Лигата на шампионите, ќе се врати во Скопје побогат за 500.000 евра.

Самото учество на Ф4 турнирот значи дека екипата ќе заработи 100.000 евра, дури и да го освои четвртото место. Победникот во „малото финале” во мечот за бронза ќе добие 150.000 евра.
Двојно повисоки награди има за оние што ќе играат во финалето. Европскиот вице првак ќе добие 250.000 евра, а на сметката на првакот ќе легнат 500.000 евра.

 

 

Евротип
SNBROKER
To Top