Новости

Ракомет

Лазаров: Вардар заслужи да биде во Келн

Еден ден воочи полуфиналето на Лигата на шампионите против Вардар, капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров говореше пред многубројните новинари присутни на завршниот турнир во Келн.

„Ждрепката посака со Вардар да се сретнеме уште на стартот. Мислам дека Вардар по сите години заслужи да се најде на Ф4, во елитата, со најдобрите. Заслужи заради трпеливоста, вербата во успех, или во наводници кажано „неуспехот“ во изминатите сезони. На Ф4 никој не се пласира со среќа, само со знаење. Одиграа екстра-квалитетна сезона во која победуваа и дома и гости. Победуваа големи екипи од типот на Киелце, Флензбург, РНЛ… Влегуваме со голем респект кон Вардар затоа што тие се екипа која е добро склопена, доста се брзи и имаат екстра-шутери. Тука е и добрата транизиција, како и голманите. Мислам дека добро се подготвивме и ќе видам како ќе изгледаат работите на терен. Нека победи подобриот“, изјави Лазаров.

Кире Лазаров веќе играше три финалиња на Лигата на шампионите, а утре ќе се обиде да го избори четвртото, второ во дресот на Барса.

Евротип
SNBROKER
To Top