Новости

Ракомет

Лазаров: Задоволен сум, Бахреин ни беше посилен тест од Јапонија

Со двете победи во Минхен, македонската репрезентација се сели во Келн, само неизвесно е дали во главната групна фаза или во „Президент Купот” во борба од 12-16 место.

По победата над Бахреин, селекторот Раул Гонзалез на прес-конференцијата по натпреварот изјави:

„Бахреин беше и понезгодна селекција од Јапонија. Покажавме позитивни вредности во играта, но покажавме и недозволиви падови кои ме загрижуваат. Онаа серија на десет минути без постигнат гол, со грешки во офанзивата сигурно мора да ја решиме. Но, кога се ќе се сумира, ако се види дека и помладите ракометари на овој меч добија 10-15 минути игра, ако се погледне мотивот кај нив, позитивната атмосфера тогаш секако сум задоволен”, смета Лазаров.

Македонија нема премногу време за одмор, веднаш по вообичаените активности по средбата, ќе се упати во својот хотел и ќе почне да го подготвува утрешниот натпревар против Хрватска.

GOLD
To Top