Новости

Ракомет

Лазаров и Ристовски донесоа победа против Исланѓаните

Ракометната репрезентација на Македонија го победи Исланд 30:25 (15:13), во третото квалификациско коло, во Групата 4 за пласман на Европското првенство. Македонија по три одиграни натпревари има две победи и еден пораз, колку шти има и Украина, додека Исланд како и Чешка има една победа и два порази.

Раул Гонзалес во само неколку дена успеа да имплементира дел од својата ракометна филозофија во играта на македонската репрезентација.

 

Македонија до победата ја предводеа капитенот Лазаров со 10, односно Талески со пет голови и Ристовски со 12 одбрани.

Овие два репрезентации в недела, во Рејкјавик, ќе го одиграат реваншот, кој ќе започне во 19.45 часот.

GOLD
SN Finansii
To Top