Новости

Ракомет

Лазаров шести најдобар стрелец на Мундијалот

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирe Лазаров иако одигра само седум меча, сепак успеа да се пласира во Топ 10 стрелци на Мундијалот.

За разлика од останатите ракометари на топ листата кои имаа по десет меча, Лазаров со 48 гола се најде на шестото место на листата на најдобрите стрелци.

Меѓу најдобрите 30 стрелци се најде и Дејан Манасков со постигнати 33 гола.

Топ 10 стрелци:

Микел Хансен (Данска) – 72 гола
Магнус Јондал (Норвешка) – 59 гола
Феран Соле (Шпанија) – 58 гола
Уве Генсхајмер (Германија) – 56 гола
Сандер Сагосен (Норвешка) – 51 гол
Кирил Лазаров (Македонија) – 48 гола
Јусуф Али (Катар) – 46 гола
Ервин Фојхтман (Чиле) – 46 гола
Расмус Лауге (Данска) – 44 гола
Кентин Мае (Франција) – 44 гола

GOLD
To Top