Новости

Ракомет

Магично полуфинале на ЕП 2020, со среќен крај за Хрватска!

Хрватскa ќе игра во големото финале на Европско првенство, откако во драматичен натпревар ја совлада Норвешка по четири продолженија од по пет минути со 29-28 . Јунак на натпреварот е Муса кој со погодок во последните секунди ја пласира Хрватска во големото финале.


Најефикасни во хрватската репрезентација беа Дувњак со седум и Мариќ со пет погодоци, а кај Норвешка Сагосен со десет погодоци кој успеа да го израмни рекордот на капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров од пред осум години. Норвежанецот стигна до бројката од 61 погодок, и сигурно тој ќе биде новиот крал на стрелците на Европските првенства.

GOLD
To Top