Новости

Ракомет

Македонија ЕП го завршува со најлош пласман во нашата историја

Mашката ракометна репрезентација синоќа по поразот од Австрија ги заврши настапите на ЕП во ракомет уште по групната фаза.

Македонија заврши како трета во групата Б, а според рангирањето на ЕХФ и резултатите од другите групи првенството го завршуваме на 15-та позиција, што воедно е и најлош пласман на ЕП во нашата историја.

Ова е сосема неочекуван резултат ако се знае дека пред првенството според реномето и искуството важевме како благи фаворити во групата Б во која покрај домаќинот Австрија се наоѓаа и Чешка и Украина. Македонија групната фаза ја заврши со два порази и еден триумф оној против Украина.

Најлош пласман Македонија до овој резултат беше 11-то место на Европските првенства во Полска и Хрватска, а најдобар е историското 5-то место на првенството во Србија.

dribling.mk

GOLD
To Top