Новости

Ракомет

Македонија загуби од Словенија во претпоследниот контролен меч пред ЕП

Македонија го претрпе вториот пораз во подготвителниот период пред настапот на континтенталниот собир откако вечерва загуби од Словенија со 33:28.

Избраниците на Данило Брестовац немаа сили за пресврт против Словенија во претпоследниот контролен натпревар од подготовките за ЕУРО 2020.

Словенија одигра одлично во втората половина од првото полувреме и на пауза замина со предност од седум гола, 19:12.

Во второто полувреме видиме нешто подобра игра од избраниците на Брестовац но и тоа не беше доволно за пресврт и победа. Словенија заслужено победи со 33:28.

Македонија до крајот на овие подоготовки ќе одгира уште еден контролен меч, со селекцијата на Црна Гора по што на 9 јануари ќе отпатува во Виена. Таму ја очекуваат воведните три натпревари од групната фаза на ЕП против Австрија, Украина и против Чешка.

dribling.mk

GOLD
To Top