Новости

Ракомет

Македонија изгуби од Грција во Кожани

Македонската ракометна репрезентација изгуби во квалификацискиот дуел со Грција одигран попладнево во Кожани со 28-26.

На крајот од првиот дел водевме со гол разлика а во вториот во неколку наврати водевме со два погодоци но не и да го зголемиме водството.

Избраниците на Раул Гонзалез по водството 22-20 едноставно застанаа и дозволија Грците со серија од 3 гола да дојдат до водство кое умешно го одржуваа до крајот на средбата по бројните промашувања на нашите ракометари и одличните одбрани на грчкиот голман Цилимпарис Грција дојде до победа од 28-26 што е еден од најтешките порази за нашата ракометна репрезентација.

Лазаров со 7 и Талески беа најефикасни во нашиот тим додека одличен на голот беше Митрески со 12 одбрани. Следниот натпревар го играме на Исланд кој има две победи против Грција и Турција.

GOLD
To Top