Новости

Ракомет

Македонија како лидер во групата оди на ЕП

Македонија со победа над Грција го заврши квалификацискиот циклус за ЕП 2020. Денеска во Струмица, Македонија славеше победа од 27-23 (13-11) и воедно го освои првото место во групата што носи привилегиран статус во ждрепката.

Грција благодарение на трите одбрани на нивниот голман од почетокот на натпреварот по десет минути водеа 6-3 потоа 7-4. Грција имаше водство 20-тина минути од натпреварот, Македонија беше блиску но не успеваше да израмни. Но, во 23 минута стигнавме до 9-9, во 26 минута го имавме и првото водство на натпреварот за на полувреме Македонија да има предност 13-11.

Во вториот дел имаше репрезентацијата на Македонија имаше целосна контрола и резултатска предност која на моменти изнесуваше и пет гола.
Грција не успеа во ниту еден момент да го загрози водството на Македонија, а во финишот дури и остави простор за атракции на македонската селекција. Конечен резултат на натпреварот е 27-23 за Македонија.

Најефикасен ракометар во македонската репрезентација беше капитенот Кирил Лазаров со шест погодоци, потоа Филип Талески и Жарко Пешевски постигнаа по пет гола, додека за репрезентацијата на Грција најефикасен беше Димитриос Цирас со шест гола.

Нашите ракометари со четири победи и по еден пораз и реми ја завршија квалификациската група, Македонија ќе биде во вториот шешир на ждрепката и своите противници за ЕП 2020 година ќе ги дознае на 27 јуни.

GOLD
To Top