Новости

Ракомет

Македонија не го менува тимот, Симиќ место Мијушковиќ кај Црна Гора

Македонскиот селектор Раул Гонзалез нема да го менува тимот кој донесе победа во првото коло против Словенија. Истите 16 ракометари кои ја совладаа Словенија ќе се најдат во стројот вечерва против Црна Гора на уште еден поранешен македонски селектор, Драган Ѓукиќ.

Небојша Симиќ ќе се најде на голот на својата репрезентација на денешниот дуел против Македонија и ќе го заземе местото на Мијушковиќ.

Симиќ имаше повреда на ногата и не настапи против Црна Гора. Тој беше поштеден против составот на Германија, па сега ќе треба да покаже дека паузата од неколку дена не оставила трага на неговата игра.

GOLD
To Top