Новости

Ракомет

Македонија по изведување на пенали славеше над Фарски Острови, во финалето ќе игра против Белорусија

Македонската машка ракометна репрезентација до 20 години се пласираше во финалето на ЕХФ Шампионатот што се игра во Скопје. Во полуфиналето во СЦ „Борис Трајковски“ , избраниците на селекторот Данило Брестовац славеа над Фарски Острови по изведување на пенали со 27:25, откако мечот во регуларниот дел заврши 23:23.

Пенал серијата ја отворија и двете репрезентации со по еден гол, а потоа, Кизиќ го прочита ударот на Олсен. Потоа погодија Димитриоски и Поулсен, па и Мартин Серафимов, а Мортенсен промаши и шутна над голот. Победа за Македонија донесе Дарио Петровски.

Младинците утре од 20 часот во финалето ќе ги одмерат силите со Белорусија која во првото полуфинале ја совладаа Швајцарија со 33:27.

GOLD
To Top