Новости

Ракомет

Македонија со победа против Јапонија го почнаа светското првенство во Германија

Македонија со победа го започна шестиот настап на Светските ракометни првенства. Националниот тим ја оправда фаворитската улога во дуелот со Јапонија и на крајот славеше со 38:29 (полувреме 18:13) во меч од првото коло во групата Б во Минхен.

Најефикасен македонски ракометар беше Кире Лазаров со осум гола, по седум додадоа Стојанче Стоилов и Дејан Манасков. Кружниот напаѓач и капитен на Вардар притоа беше прогласен за најдобар играч на натпреварот. Четири гола во премиерниот триумф на „црвено-жолтите“ во „Олимпијахале“ вгради Филип Кузмановски, јапонската мрежа по трипати ја тресеа Филип Кузмановски, Мартин Поповски и Жарко Пешевски.

Првото коло во групата Б ќе биде комплетирано со дуелите Исланд – Хрватска (18 ч.) и Бахреин – Шпанија (20.30 ч.). Утре е слободен ден за репрезентацијата на Македонија која наредниот настап на СП ќе го има во недела од 14 часот против Бахреин.

GOLD
To Top