Новости

Ракомет

Навивачите останаа надвор од салата, РФМ се извини

Голем број навивачи синоќа останаа пред спортската сала “Боро Чурлевски” во Битола, иако уредно имаа купено билети. Голем дел од нив објавија фотографии како со билетите в раце не можат да влезат внатре и да го проследат натпреварот. Се проценува дека надвор имаше околу 500 навивачи.

“Ракометната Федерација на Македонија ги отстапи влезниците во целост на РК Пелистер за квалификацискиот натпревар помеѓу Македонија – Турција кој се одржа во спортската сала “Боро Чурлевски”.

Од Ракометната федерација на Македонија синоќа се извинија и преку соопштение истакнаа дека парите ќе им бидат

Ракометната Федерација на Македонија упатува извинување до сите кои имаа обезбедено влезници, а немаа можност да присуствуваат на натпреварот и истите ќе бидат финансиски надоместени од страна на РК Пелистер, ” се вели во соопштението на РФМ.

GOLD
To Top