Новости

Ракомет

Одреден нов термин за дербито Вардар – Металург

Дерби натпреварот во домашното ракометно првенство меѓу Вардар и Металург ќе се игра во нов термин.

Имено, заостанатата средба од 6.коло во Плејоф лигата, закажана за утре во СЦ „Јане Сандански’’ наместо во првиот објавен термин од 19 часот е презакажана за час и половина подоцна.

По барање на телевизијата која ќе врши директен пренос од дербито, мечот ќе се игра во терминот од 20:30 часот.

Денеска во продажба се пуштени и влезниците за овој меч, со цена од 100 денари.

Евротип
Евротип
To Top