Новости

Ракомет

Официјално: Стевче Алушовски е нов тренер на Еурофарм Работник

РК Еурофарм Работник ја информираше јавноста дека во реализација на своите зацртани цели, СЕХА лига за наредна сезона, финале на Куп на Македонија, достојно претставување во преостанатите натпревари од групната фаза на ЕХФ купот продолжува со нов шеф на стручниот штаб.

„Тоа е Стевче Алушовски. Во име на клубот го изразуваме нашето огромно задоволство што битолската ракометна легенда седнува на тренерското столче на нашиот клуб. Убедени сме дека неговото знаење, искуство, професионалност и посветеност на работата ќе придонесат за остварување на нашите цели и прогресот на нашиот клуб“, објавија од клубот.

GOLD
To Top