Ојлески место Лазаров на дуелот со Данска

Кире Лазаров нема да игра на денешниот дуел со Данска. Селекторот Раул Гонзалес после повредата на капитенот реши да направи промена во тимот и денеска за дуелот со Данска го стави во ростерот Гоце Ојлески.
Иако сакаше да помогне, Лазаров не е во состојба да игра и резултатите од магнетната резонанца покажуваат повреда на задниот бутен мускул. Со оваа дијагноза нашиот капитен мора да мирува во следните две до четири недели.
