Новости

Ракомет

Позната сатницата за натпреварите на Еурофарм Работник во ЛШ

Европската ракометна федерација ги одреди саатниците за натпреварите од Ц групата на Лигата на шампионите. Еурофарм Работник ќе дебитира на 15 септември против Спортинг. Најстандарниот термин за домашните натпревари на битолчани е недела попладне.

15 септември: Еурофарм Работник – Спортинг (17:00 часот)

18 септември: Савехоф – Еурофарм Работник (19:00 часот)

29 септември: Бидасоа Ирун – Еурофарм Работник (12:10 часот)

13 октомври: Еурофарм Работник – Кокс (17:00 часот)

20 октомври: Еурофарм Работник – Татран Прешов (17:00 часот)

2 ноември: Татран Прешов – Еурофарм Работник (18:00 часот)

9 ноември: Спортинг – Еурофарм Работник (18:30 часот)

17 ноември: Еурофарм Работник – Савехоф (17:00 часот)

20 ноември: Кокс – Еурофарм Работник (19:00 часот)

30 ноември: Еурофарм Работник – Бидасоа Ирун (17:30 часот)

Првиот натпревар во Лигата на шампионите се одигра токму во Битола пред две и пол децении.

GOLD
To Top