Новости

Ракомет

Познати судиите за мечот со Хрватска: Хорачек и Новотни пак ќе и делат правда на Македонија

Македонската машка репрезентација денеска го игра третиот натпревар на Мундијалот во Германија и Данска.

По воведните победи над азиските претставници Јапонија и Бахреин, четата на Раул Гонзалес денеска ќе го има првиот вистински предизвик.

Ривал ќе биде репрезентацијата на Хрватска, која исто така има две победи над Исланд и Јапонија во првите две кола од СП.

Денешниот меч кој ќе започне во 18:00 часот и ќе се игра во „Олимпијахале“ ќе го судат познатите чешки арбитри Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни.

Тие беа „среќни“ за Македонија на првиот меч со Јапонија, па се надеваме дека и денеска ќе биде така во дуелот против „каубоите“.

GOLD
To Top