Новости

Ракомет

Поповски побрз од сирената за победа на Македонија над Грузија

Македонија минимално ја совлада Грузија со 29-28 на вториот меч во Скопје во рамки на ЕХФ неделата.

Победата ја обезбеди Мартин Поповски во последните моменти од натпреварот за минимален триумф на комбинираната наша селекција.

Натпреварот беше израмнет, Македонија профитираше во финишот, најефикасни во нашиот состав беа Талевски со седум голови, го следеа Димитриоски и Поповски со шест голови.

Македонија во рамки на овој циклус пријателски натпревари запиша три победи и една нерешена, игравме со многу млади играчи кои му дадоа посебен ефект на нашиот национален ,најавија дека имаме иднина која ќе ни донесе добри резултати.

Извор: dribling.mk

GOLD
To Top