Новости

Ракомет

Пораз на РК Пелистер од Бутел

Во последниот натпревар од првото коло од Супер ракометната лига РК Пелистер е поразен од екипата на Бутел во Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Натпреварот заврши со 26:24 за Бутел, а разликата беше иста и на полувреме 14:12 за Бутел.

Пелистер играше со млади ракометари, а од искусните ракометари беше Васко Димитровски, како и Стефан Дрогишки и Дарио Петровски кои дојдоа од Еурофарм.

GOLD
To Top