Новости

Ракомет

Поранешен играч на Металург го засили Пелистер: Станојевиќ конечно пристигна во Битола

Тимот на битолски Пелистер за пролетната полусезона во Суперлигата, ќе има одлично засилување на десната бековска позиција.

Станува збор за искусниот српски интернационалец Александар Станојевиќ. Тој во 2005 година беше вицешампион на светот со тогашната младинска репрезентација на Србија и Црна Гора предводена од Веселин Вујовиќ.

Кариерата ја започна во белградски Партизан, од каде почна неговиот поход во најсилните ракометни лиги во Европа. Ги носеше дресовите на Балинген, Гумерсбах и Вецлар, а има играно за словенечкиот Горење, францускиот ПСЖ и Раднички Крагујевац од Србија. Беше дел и од екипи од Катар, Саудиска Арабија и Турција.

Во Пелистер заедно ќе играат со Реваз Чантурија со кого беа соиграчи во Металург во 2008 година и заедно настапуваа во Лигата на Шампиони. 33-годишниот Станојевиќ во српскиот национален дрес запиша 32 настапи.

Тој ќе дебитира за Пелистер на утрешниот пријателски натпревар против Струга во салата “Боро Чурлевски” со почеток во 18:30 часот.

View this post on Instagram

Александар Станојевиќ денес го официјализираше потписот за Пелистер . По краток разглед на богата историја на клубот рече дека е имперсиониран од тоа кој се играл за "зелено-белите" како и бројните трофеи кои ги освоил Пелистер – изјави Александар Станојевиќ. За останато нема многу да ветува и разговара што се' да очекуваме од искусниот бек се што има и знае ќе покаже на теренот. Станојевиќ веќе неколку дена е во Битола и не доаѓа прв пат во градот на конзулите ова му е трет пат но прв за подолг период и како играч на Пелистер. Најпрвиот бил пред 10 години кога како соиграч во скопски Металург гостувале во Битола заедно со Реваз Чантурија а денес повторно соиграчи но овој пат за битолски Пелистер. Првата контрола Пелистер ја има утре од 18:30 часот а за противник е екипата на РК Струга.

A post shared by Pelister Handball Club Bitola (@rkpelister) on

GOLD
To Top