Новости

Битола инфо

По пауза од 14 години Лигата на шампионите се враќа во ракометна Битола – Еурофарм Работник ќе игра во ракометната елита!

Македонија и во наредната сезона ќе има две екипи во ракометната Лига на шампиони. Eвропската куќа на ракометот позитивно одговори на барањето на Еурофарм Работник за „вајлд-карта“ и вицешампионот првпат ќе игра во елитата, а по пауза од 14 години Лигата на шампионите се враќа во ракометна Битола.

Европската ракометна федерација го објави конечниот список на екипи кои ќе настапат во Лигата на шампионите. Вардар како европски шампион ќе биде носител во една од најсилните групи, А или Б, додека Еурофарм ќе настапува во послабите Ц или Д група.

Еурофарм Работник за само три години невозможното го направи возможно .Cо голема посветеност и напорна работа стигнa до врвот, а моментално тоа е учество во Лигата на шампионите на ЕХФ.

Учесници во Лигата на шампионите:

Групи А и Б

Мешков Брест

Загреб

Алборг

Флензбург

Барселона

ПСЖ

Веспрем

Вардар

Елверум

ВИВЕ Киелце

Порто

Целје

Мотор Запорожје

Кил

Монпелје

ПИК Сегед

Групи Ц и Д

Еурофарм Работник

Кокс

Динамо Букурешт

Чеховски Медведи

Савехоф

Кадетен Шафхаузен

Татран Прешов

ГОГ Гудме

Бидасоа

Висла Плок

Спортинг Лисабон

Кристианстад

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе започне на 11 септември.

GOLD
To Top