Новости

Ракомет

Пречекот на ракометарите на „Вардар“ започнува во 19 часот на скопскиот аеродром

Со чартер-лет на меѓународниот аеродром „Скопје“ денеска во 18:50 часот ќе слетаат ракометарите на европскиот шампион РК „Вардар“. Тие ќе бидат пречекани од граѓаните откако синоќа, на Ф4 турнирот во Келн ја освоија титулата во ЕХФ Лигата на Шампиони.

Оттаму со организиран превоз, по 20:00 часот ракометарите ќе пристигнат на плоштадот „Македонија“. Ова следува откако утрово Град Скопје, по предлог на градоначалникот Петре Шилегов, донесе одлука за организација на официјалниот пречек на шампионот.

„Со оваа одлука ќе се подмират трошоците за чартер-летот, како и сума од 2 милиони денари за организација на настанот“, посочи градоначалникот Шилегов.

Покрај тоа обезбедена е и парична награда од 6 милиони денари за ракометниот клуб, стои во официјалното соопштение на Град Скопје.

GOLD
To Top