Новости

Ракомет

Промени во составот на ракометната репрезентација

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац го повика Мартин Велковски во составот за средбите со Турција и Грузија.

До измена во составот на Македонија доаѓа по повредата на Мартин Серафимов на пет дена пред собирот на националниот тим.

Велковски игра одлично кај Еурофарм Работник во Лигата на шампионите и СЕХА конкуренцијата.

Македонија во рамки на ЕХФ неделата се среќава со Турција на гости и Грузија во Скопје.

dribling.mk

GOLD
To Top