Новости

Ракомет

Промовиран новиот тренер на РК Пелистер

РК Пелистер денеска го промовираа новиот тренер, Јошко Петковиќ. Тој своевремено седеше на клупата на битолскиот тим, а со успеси ги водеше и Кометал ЃП, со кој стигна до финалето на ЛШ, потоа Младост Богданци, Металург, Вардар и Борец.

Минатата сезона беше дел од Железничар Ниш со кој го освои Купот на Србија, но во последното коло ја загуби титулата во шампионатот.

Тој денеска истакна дека во Битола пристигна за да го врати клубот меѓу најдобрите во Македонија.

„Дојде редот во овие зрели години да водам еден гигант како Пелистер. Вардар е денес друга категорија, но Пелистер не треба да се плаши од ниту еден друг ривал. Мора да пратиме порака до сите конкуренти, дека Пелистер е сериозен клуб. Тоа што се случувало со тренерите претходно кажува дека некои работи не биле во ред. Играчкиот кадар не го познавам. Да дојдев пред три месеци ќе беше поинаку. Нека мислат ракометарите дали се вредни да го носат дресот на Пелистер”, истакна Петковиќ.

Евротип
SNBROKER
To Top