Новости

Ракомет

РК Еурофарм Работник го донираше приходот од влезниците на дербито со Пелистер

РК Еурофарм Работник ја покажува својата социјална и хумана страна и веќе донираше сума од 80.000 денари на Клиничката болница во Битола, како дел од својата стратегија воочи и после натпревари на кои е домаќин во плеј-офот.

„Управниот одбор на последната седница донесе одлука парите кои беа собрани од продажбата на влезниците за натпреварот Еурофарм Работник – Пелистер, во висина од 80.000 да се донираат на детското одделение при Клиничката болница во Битола“, рече спортскиот директор Бојан Стефановски.

Одлуката за донација му била доставена на директорот на Клиничката болница во Битола, Зоран Лазаров со кој било одлучено парите да бидат доделени на детското одделение при болницата.

GOLD
To Top