Новости

Ракомет

РК Пелистер даде „зелено светло“, Советот одлучува на 30 јули

Минатата недела претставници на Општина Битола официјално потврдија дека на нивна адреса како акционери на РК Пелистер пристигнала понуда за купување на акциите на клубот од страна на компанијата Еурофарм. По тој повод денес вонредна седница одржа Управниот одбор на РК Пелистер и едногласно беше прифатена идејата за промена на сопствеништвото, објави gol.mk.

Ракометните работници ја препознаа идејата за посилни клубови и ракометно обединување во Битола и топката ја префрлија кај Советот на Општина Битола. Имено, за 30 јули закажана е редовна седница на највисокото општинско тело, кое треба да го изгласа предлогот за продажба на акциите.

Детали околу клаузулите при купувањето на акциите не се познати, но многу работи треба да бидат договорени во следните неколку дена. Сепак, првиот чекор е направен и постои расположение од сите структури за Еурофарм официјално да го купи Пелистер.

За очекување е ако работите не претрпат одложување на почетокот од август целата трансакција да биде реализирана.

GOLD
To Top