Новости

Ракомет

Ракометарите вечерва на контрола со Словенија

Машката ракометна репрезентација на Македонија, вечерва во Словењ Градец ќе одигра контролен натпревар со Словенија.

За нашиот национален тим ова ќе биде претпоследна контрола пред настапот на ЕУРО 2020 во Австрија. Средбата со Словенија се игра од 19 часот, пренос ќе има на РТВ Словенија 2.

Ова ќе биде прв контролен меч во кој ќе настапиме во комплетен состав со Лазаров, Ристовски, Манасков, Талески…

Нашите репрезентативци потоа ќе одиграа уште еден контролен меч со Црна Гора што воедно претставува последен тест пред „вистинската приказна“ во Австрија.

Македонските ракометари за Виена ќе отпатуваат на 9 јануари, еден ден пред воведниот натпревар на континенталниот собир против селекцијата на Украина. Во второто коло на 12 јануари ќе играме со Чешка а во последното коло не очекува дуелот со домаќинот, Австрија.

Извор: dribling.mk

GOLD
To Top