Новости

Ракомет

Ракометарите ја почувствуваа „Вараждинска арена“

Момците на Раул Гонзалез го оддржаа првиот тренинг во „Вараждин Арена” каде што утре против Шпанија ќе ја почнат втората фаза на Европското првенство. По историската прва фаза во Загреб, македонските ракометари имаа краток период без натпревар кој го искористија добро да се подготват за селекцијата на Шпанија.

Раул го оддржа последниот тренинг пред натпреварот, но прв во салата во Вараждин каде во наредните денови треба да одиграат три натпревари.

Атмосферата во националниот тим е одлична, ракометарите се желни да продолжат со одлични претстави да ја радуваат нацијата и веруваат дека серијата без пораз ќе продолжи и утре.

GOLD
To Top