Новости

Ракомет

Ракометната Федерација се збогуваше со Раул Гонзалес и даде објаснување за прекинот на соработката

Тоа што се шпекулираше во ракометните кулоари по крајот на Светското првенство во Германија и Данска, денеска доби само својата официјална потврда од страна на Ракометната Федерација на Македонија која излезе со соопштение за прекин на соработката со Раул Гонзалес.

Шпанскиот стручњак доби доста критики за време на шампионатот и во нападите посебно предничеше Веселин Вујовиќ, но иако на почетокот никој не можеше да претпостави дека Гонзалес ќе се откаже од својата работа по крајот на мундијалот, по последниот меч самиот тој најави дека многу веројатно е такво сценарио.

Денеска РФМ со џентлменско соопштение се збогуваше со Раул и му посака среќа во понатамошната работа, а како причина за обостраниот прекин на соработката е посочена оддалеченоста која ја има Шпанецот поради неговите клупски обврски во ПСЖ.

– Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и селекторот на машката сениорска машка репрезентација, г. Раул Гонзалез, взаемно се спогодија да ја прекинат соработката. Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката.Би сакале да му се заблагодариме на “Ел команданте” за досегашното работењe со нашиот А-тим и му посакуваме се најдобро: многу успеси и многу титули во иднина. Иако ќе ни недостасува неговата смиреност и тактичност на клупата, продолжуваме секој со своите предизвици кон нови победи, – гласи соопштението на РФМ.

GOLD
To Top