Новости

Ракомет

Раул: Моите ракометари ги исполнија сите мои барања

Вардар го има најдобриот старт на сезона во лигата на шампионите со седум победи на осум натпревари, и 13 натпревари по ред на кои освојуваат бодови. На домашен терен „црвено-црните” ги победија Рајн Некар со 30-26 (17-13) и го задржаа првото место на табелата во А групата.

„Задоволен сум од победата против шампионите во Бундес лигата. Тоа е најдобрата лига и победата е многу значајна за нас. Рајн Некар секогаш игра одлично со седум играчи во напад и тоа веројатно го прави најдобро во светот. Ние имавме добро отворање и успеавме да најдеме начин за да успееме да се спротиставиме. Одигравме одлично во нападот и против Барселона, но мислам дека денеска бевме убедливо подобри и успеавме да прикажеме далеку подобра игра. Кога играш против тим кој има квалитетна одбрана и добар контранапад мора да бидеш на високо ниво, а ние денеска успеавме во тоа. Среќен сум бидејќи сме на првото место и со убава предност одиме на гостувањето во Германија следната недела”.

GOLD
To Top