Новости

Ракомет

Раул ги одреди патниците, репрезентацијата пристигна во Минхен

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Раул Гонзалез го објави списокот на ракометари за претстојното СП 2019 во Германија и Данска.

На конечниот список не се најде ниту голманот на Металург, Мартин Томовски и младиот Димитар Димитриоски кој се повреди на последниот тренинг.

Македонија рано утринава отпатува за Минхен со 18 ракометари. Репрезентацијата првиот натпревар на СП 2019 ќе го одигра на в петок против селекцијата на Јапонија со почеток во 15:30 часот.

GOLD
To Top