Новости

Ракомет

Раул го избра тимот за Турција

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез го објави тимот кој ќе се најде во официјалниот протокол за вечерашниот дуел со Турција во Битола. Од поширокиот список отпаднаа Филип Чурлевски, Горан Крстевски, Никола Митревски и Златко Даскалоски.

Така пропадна можноста Чурлевски да дебитира во салата која што го носи името на неговиот  татко.

На списокот кој ќе биде пријавен се наоѓаат овие 16 ракометари:

Борко Ристовски, Мартин Томовски, Дејан Манасков, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Велко Маркоски, Филип Талески, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Немања Прибак, Кирил Лазаров (капитен), Мартин Велковски, Филип Лазаров, Филип Кузмановски

Натпреварот почнува во 20:15 часот, а сите билети за соочувањето со Турција се распродадени.

Извор: gol.mk

GOLD
To Top