Новости

Ракомет

Рибера ги отвори картите и призна дека подготвува специјална одбрана за нападите на Македонија

Македонската ракометна репрезентација вечерва нема што да загуби во пресметката со фаворизираната Шпанија, па токму поради тоа, нашите ракометари можат растеретено да влезат во овој дуел и да се обидат да го изненадат претендентот за медал на Светското првенство, пишува Дерби.

Раул Гонзалес е свесен дека неговите сонародници влегуваат како големи фаворити во вечерашната пресметка, но колку е голема почитта од наша страна кон изданијата на „фуријата“, толку и Шпанците го искажуваат респектот за работата на нашите избраници и воиграната комбинаторика со тактиката „7 на 6“. На оваа тема проговори шпанскиот селектор Жорди Рибера, кој иако го истакна Лазаров како клучна алка во нашата игра, сепак ја издвои и играта на пикери која ќе ги принуди неговите играчи многу да се движат и да бидат поставени во линија, 6-0.

– Ќе мора многу да ги движиме нозете и да се прилагодиме на нивната игра. Ќе мора да бидеме многу концентрирани за да одговориме на нивните напади „7 на 6“, систем со кој се чувствуваат многу комотно на теренот. Јасно е дека не смееме да се отвориме, така ќе им дадеме шанса на пивотите да имаат леснотија при примањето на топките, па затоа ќе се обидеме да одговориме со одбрана во линија, – објаснува шпанскиот селектор и додава.

– Лазаров е нивниот клуч, тоа е играч кој тактички се прилагодува на секој систмем и кој дава разновидност на секој напад. Покрај тоа што шутира од позадина, одлично ги проигрува пивотите и крилата, – завршува Рибера пред вечерашниот дуел во 20:30 часот.

GOLD
To Top