Новости

Ракомет

СП Ракомет У19: Македонија денеска против Аргентина

Македонија е домаќин на ракометниот Мундијал за играчи до 19 години, натпреварите ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“ и СЦ „Борис Трајковски“ од денеска до 18. август.

Нашата селекција е во група со Данска, Бахреин, Јапонија , Аргентина и Нигерија во рамки на конкуренцијата Ц од каде бараме пласман намјалку во осминафиналето, селекторот Данило Брестовац изјави дека желба е четвртфинале.

„Објективно пласман во осминафинале е најмалку што треба да постигнеме, четвртфинале ми е желба, зошто не и повеќе“ изјави за националниот сервис МТВ, селекторот Брестовац.

Нашата репрезентација мечевите ќе ги игра во СЦ„Борис Трајковски“, првата средба ја игра денеска со Аргентина од 20-30 часот. Утре, во второто коло се среќаваме со Нигерија, потоа следуваат мечевите со Бахреин (09.08.), во четвртото коло противник е Данска (11.08.) и во последното со Јапонија (12.08.), сите средби нашата селекција ги игра во вечерниот термин од 20-30 часот.

Влезот е слободен за сите натпревари во двете сали.

dribling.mk

GOLD
To Top