Новости

Ракомет

Секој билет од завршницата на Купот значи помош за младиот Гоце

Организаторот на завршницата на ракометниот Куп на Македонија во машка конкуренција, Ракометната федерација на Македонија и РК Еурофарм Работник денес обелоденија дека приходот од билетите на полуфиналните и финалните натпревари од Купот овој викенд ќе замине во хуманитарни цели за помош на млад битолчанец.

Цената на полуфиналните билети е 100 денари за двата натпревари и 100 денари за неделното финале.

Имено Битолчанецот Гоце Марковски (роден декември 2003 година) беше опериран од тумор на мозок во почетокот на декември. Моментално е на ургентно пост-оперативно лекување во Германија во Универзитетската Клиника во Хале. Целокупниот износ на лекувањето е 50.000 евра поради што семејството има потреба од помош која e неопходна за покривање на сите
трошоци.

Ве молиме споделете ја информацијата и во зависност од Вашите можности, Ве молиме да донирате средства на следните сметки:

– Денарска
Гоце Марковски – Битола
ж-ро сметка 530500020219122 при Охридска банка

– Девизна
IBAN: МК075 3028 0005214009
SWIFT: OHRDMK22

Донациски број за корисниците на Телеком 070 143-122

Донациски број за корисниците на Оне.ВИП 143-487

Можете да донирате и преку следниот линк: https://www.gofundme.com/6v-help-goce-beat-tumor

Ви се заблагодаруваме на хуманоста.

Евротип
SNBROKER
To Top