Новости

Ракомет

Совладан Нексе, Еурофарм ги освои првите бодови во групата на ЕХФ Купот

Еурофарм Работник – Нексе Нашице 29-28 (14-12)

Еурофарм Работник ја дочека првата победа во групната фаза во Купот на ЕХФ. Македонскиот лигаш во четвртото коло го совлада Нексе со 29-28 во меч во кој постојано беше во водство за на крајот заслужена радост со навивачите во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Најефикасен во натпреварот беше Анте Гаџа од Нексе со девет гола, два повеќе од првиот стрелец кај битолчани, Невен Стјепановиќ. Во вториот меч во групата Б, Хановер и Татабања ремизираа 27-27.

Еурофарм Работник:
Чаневски, Трајковски, Ојлески 2, Маркоски 3, Талевски, Стјепановиќ 7, Мемиќ, Кузмановски 4, Радовиќ 1, Кукоски, Крстевски, Остроушко 6, Граџан 2, Ѓукиќ 4

Нексе Нашице:
Цар, Лелиќ, Шипиќ 4, Гаџа 9, Лебан, Етер 1, Зрниќ, Мрџеновиќ, Баришиќ 1, Бувиниќ, Јелиниќ 4, Вида 3, Лончар, Лавриќ 1, Томиќ 5, Јагањац 5

Еурофарм Работник во наредното коло, на 24 март, ќе биде домаќин и на Хановер.

GOLD
To Top