Новости

Ракомет

Соопштение на РК Пелистер за оставките на Димитровски и Петковиќ

„Ракометниот Клуб Пелистер А.Д. – Битола ја информира пошироката спортска јавност и вљубеници во ракометната игра за раскинување на договорот за соработка и ангажман на позицијата спортскиот директор со битолската и македонска ракометна легенда Златко Димитровски, кој на свое барање си поднесе неотповиклива оставка на функцијата спортски директор на РК Пелистер А.Д. Битола, после неколку слаби резултати на сенироската машка екипа во плеј оф натпреварите од машката Суперлига.

Со оглед на функцијата која ја извршуваше, покрај останатите задолженија беше директно задолжен и одговорен за изборот на стручен штаб и играчки кадар на сениорската екипа, каде сите барања и исплата на плати на комплетниот ракометен колектив и тековни побарувања во целост се исплатени и реализирани од страна на Управнит одбор на РК Пелистер .

Р.К. Пелистер А.Д. – Битола искрено му се заблагодарува за досегашниот ангажман на битолската и македонска ракометна легенда Златко Димитровски во придонесот за подобра организација и успешно функционирање на РК Пелистер од возобновување на сите ракометни категории од почетници, пионери, кадети и младинци во комплетна функција, опременост и учество во сите категории од системот на наптреварување на РФМ, како и модернизација и функционалност на целиот ракометен колектив.

Во однос на стручниот штаб, тренерот Јосиф Петковиќ и неговите помошници ќе го водат натпреварот во среда против РК Бутел во Скопје, поради веќе направениот избор на играчки кадар, поставениот концепт на игра и краткиот временски период до следниот натпревар. Потоа ќе следува анализа на очекуваното и сработеното на стручниот штаб, за што УО на РК Пелистер – Битола дополнително ќе донеси одлука и истата ќе биди проследена до јавноста. Воедно, се заблагодаруваме на спортската јавност и навивачите во Битола за поддршката што ја имаме во изминатиот период“, се вели во соопштението на УО на РК Пелистер АД Битола.

GOLD
To Top