Новости

Ракомет

Стевче Алушовски со свое видување за натпреварот Еурофарм Работник – Вардар

„И покрај поразот морам да им честитам на моите ракометари . Секоја друга екипа после предноста од првиот дел веројатно ќе дејствуваше поинаку во продолжението. Ние некако како да се уплашивме од шансата да ги победиме. Вардар влезе со потценувачки пристап кој не е својствен за нив, но сепак се работи за светска екипа и честитки за нив и за победата. Ние сме на прав пат, имаме скратен ростер, некои ракометари се уморни по репрезентативните натпревари и во овој момент не можевме повеќе од ова издание“, рече Стевче Алушовски, тренер на Еурофарм Работник.

Ракометарите на Еурофарм Работник го претрпеа првиот пораз на домашна сцена оваа сезона, откако пред своите гледачи загубија од Вардар со 28-30. Екипата на Алушовски долго време водеше и жали што не успеа да го изненади шампионот и да му нанесе прв пораз во домашната Суперлига во последните неколку години.

Еурофарм Работник – Вардар 28-30 (18-10)

Спортска сала: „Боро Чурлевски“ – Битола. Гледачи: 3.000
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје

Еурофарм Работник:
Трајкоски, Чаневски, Ојлески 2, Маркоски 5, Петровски, Пецаковски, Талевски, Чурлевски, Стјепановиќ 4, Кузмановски 8, Радовиќ, Кукоски, Остроушко 4, Граџан, Ѓукиќ 5, Петровски.

Седмерци: 2/2
Исклучувања: 4 минути

Вардар:
Милосављев, Кизиќ, Стоилов 4, Недановски, Поповски 1, Кристопанс 5, Карачиќ 3, Скубе 3, Дибиров 8, Горбок, Шишкарев 4, Војводиќ 2, Мишевски, Калараш 1.

Седмерци: 4/4
Исклучувања: 2 минути

За време на викендот Еурофарм Работник е домаќин на четвртфиналната група на Купот на Македонија.

GOLD
To Top