Новости

Ракомет

Уверлива победа на Македонија против Србија

Македонија во пријателската средба против Србија, вечерва славеше уверливо со 37:31 и на најдобар можен начин даде увертира за уште подобри резултати на СП во Германија и Данска.

Селекторот Раул Гонзалес како што рече на претходниот прес, сите играчи ќе добијат шанса, така и направи, многу млади играчи вечерва дебитираа во нашиот дрес.

По првиот дел Македонија имаше +6, па истата гол разлика ја сочува и до самиот крај, иако тоа можеше да биде поголема победа, сепак имаше мало опуштање во нашите редови кон крајот на средбата.

Во редовите на нашата репрезентација најефикасни беа Манасков со 9 и Кузмановски со 6, Кире Лазаров постигна пет погодоци.

GOLD
To Top