Новости

Ракомет

(Фотогалерија) Пораз во последните секунди на Еурофарм Работник против Татран

Фото: Саше Богоевски

Еурофарм вечерва пред своите фанови загуби од Татран Прешов со 23-24, гостите до триумфот стигнаа со гол во последните секунди. Очигледно Еурофарм е претплатен за драми во елитното ракометно натпреварување, клубот од Битола денеска имаше нов возбудлив меч полн со пресврти и неизвесност до самиот финиш. За жал, вицешампионот на Македонија на крајот остана со празни раце, а Татран Прешов си замина со победа.

Еурофарм Работник – Татран Прешов 23-24 (14-13)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 2.000
Судии: Бартош Лесцински и Марцин Пичота од Полска

Еурофарм Работник:
Митревски, Чаневски, Ојлески, Маџовски 2, Чурлевски, Стјепановиќ 2, Радовиќ 2, Шевелев 1, Јотиќ 2, Вегар, Кукоски, Остроушко 8, Граџан 5, Ѓукиќ, Кузманоски, Петровски 1

Седмерци: 0/2
Исклучувања: 8 минути

Татран Прешов:
Цвитковиќ, Чуприна, Рабек 7, Ѓериќ, Лапајне 3, Крок 1, Муњоз 5, Урбан 1, Хозман, Вучко, Страновски 2, Михалка 2, Грзентиќ, Чарапкин, Афану Гатине

Седмерци: 2/5
Исклучувања: 8 минути

 

GOLD
To Top